Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЧЕВИЌ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД БИЛ НА ВОДИЦИ ВО ОХРИД: Опозицијата обвини, но Бухова негира-Зечевиќ не е во системот на тестирани на 19. јануари

ЗЕЧЕВИЌ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД БИЛ НА ВОДИЦИ ВО ОХРИД: Опозицијата обвини, но Бухова негира-Зечевиќ не е во системот на тестирани на 19. јануари

Генералниот секретар на владејачката партија Миле Зечевиќ денеска беше обвинет од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека бил позитивен на ковид за време на посетата на Охрид за празникот Водици. Велат дека Зеќевиќ имал позитивен резултат на ковид од 20-ти јануари, што според опозициската ВМРО-ДПМНЕ значи дека тој се тестирал на 19 јануари.

Во соопштението партијата побара директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова да го покаже резултатот од тестот на Зечевиќ.

„Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ, нека се однесува како што ѝ прилега на позицијата која ја држи, и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ.

Истовремено, за „Фокус“, д-р Бухова изјави дека Зечевиќ го нема на списоците од 19-јануари.

„Зечевиќ не е во системот на тестирани лица на 19-ти јануари. Законот е јасен и важи за сите – самоизолација од моментот на тестирање“, вели Бухова за „Фокус“.

Од СДСМ пак велат дека е огромна разликата меѓу Зечевиќ и Пецаков.

„Ограмна е разликата помеѓу Миле Зечевиќ и неодговорноста на Кирил Пецаков. Кирил Пецаков додека чекал резултати за Ковид 19, спротивно на протоколите, беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици, наместо да биде во изолација“, истакнаа од СДСМ.


Слично

Поврзани вести