Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЧЕВИЌ И МАРИЧИЌ НА ГОСТИ КАЈ САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ - во Приштина се зборувало за европските вредности, социјалдемократијата нишка на поврзување

ЗЕЧЕВИЌ И МАРИЧИЌ НА ГОСТИ КАЈ САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ - во Приштина се зборувало за европските вредности, социјалдемократијата нишка на поврзување

Дел од раководството на социјалдемократскиот сојуз вчера биле во посета на движењето Самоопределување во Приштина. 

За тоа известија и од СДСМ и од од самото движење Самоопределување.  

„Денеска во Приштина, Косово, се одржа средба меѓу генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, претседателот на СДММ Марко Михаилоски и генералниот секретар на партијата Самоопределување, Алим Рама придружуван од секретарот за меѓународна соработка од оваа партија, Хајрула Чеку“, стои во соопштението на СДСМ.

На средбата се разговараше за понатамошната соработката меѓу двете партии, за регионалната соработка и дијалогот како клучни столбови за стабилност и европската иднина на Западен Балкан.

Взаемно беше истакната заложбата за продлабочување на соработката меѓу партиите во рамки на ПЕС, откако Самоопределување стана придружна членка на Партијата на европски социјалисти, но и помеѓу политичките подмладоци.

Заеднички е потврдено дека европски вредности и дијалог за сите прашања се исклучително важни за државите во целиот регион и прогресивните партии треба да придонесат во јакнење регионалната соработка и стабилноста на Западен Балкан, велат од партијата.

А и од Самоопределување известија за средбата.

„Денес, во канцелариите на Движењето Самоопределување Организацискиот секретар, Алим Рама, заедно со секретарот за меѓународни односи, Хајрула Чеку и членката на овој секретаријат Анила Врајоли, ја пречекаа делегацијата на партијата ЛСДМ од Северна Македонија, во состав генералниот секретар, г-дин Миле Зечевиќ, меѓународниот секретар, г-дин Бојан Маричиќ и претседател на Млади Форум, г. Марко Михаилоски

На оваа пријателска средба се разговараше за политичките случувања во нашите две земји и во регионот во целост. Нагласена е важноста на соработката меѓу нашите два субјекти кои се и заеднички членови на различни социјалдемократски платформи. Заедно ја утврдивме потребата за продолжување на патот на соработката меѓу двете организации како што имаме меѓу нашите два младински форуми.

Ја затворивме средбата на која разговаравме за идните настани во кои ќе бидеме заедно и други чекори за продлабочување на соработката секогаш под светлината на социјалдемократијата“, потврдија од Самоопределување.



Слично

Поврзани вести