Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зечевиќ, Богоев, Шилегов и Мадиќ нема да се најдат на кандидатските листи на СДСМ

Зечевиќ, Богоев, Шилегов и Мадиќ нема да се најдат на кандидатските листи на СДСМ

ТВ24 дојде до кандидатските листи за пратеници кои треба да ги објави СДСМ на денешниот конгрес пред парламентарните избори, а на „списокот“ за втората изборна единица ги нема генералниот секретар Миле Зечевиќ, заменичката за правда Викторија Мадиќ, потпретседателот на партијата и актуелен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, како ни екс градоначалникот на Скопје и член на ИО, Петре Шилегов. 

Првата изборна единициа ќе ја предводат Димитар Ковачевски и Моника Зајкова, по што ќе следат Даниела Николова, Бојан Маричиќ, Милена Стевановиќ, Маја Морачанин, Дарко Каевски, Љубица Јанчева, Љупчо Фармаковски и Андреј Лозановски.

Во двојката по двоецот Оливер Спасовски - Фатмир Битиќи , следуваат актуелните пратеници Санела Шкриељ и Мартин Костовски, а потоа Марко Михаиловски, претседателот на младината. На листата во подолните места предвиденое е место и за Српската партија, но и за Мики Милковски од НСДП.

Во тројката по Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, се лидерот на НСДП Горан Мисовски, министерот Благој Бочварски, Љупчо Балковски од ВМРО НП, па Душанка Ѓорѓиева Тршевска, Зоран Арсовски, по  што е предвидено место за партија на пензионерите.

Во четвртата изборна единица, освен носителскиот тандем, Венко Филипче и Јована Тренчевска, се и актуелниот пратеник Миле Талевски, па Соња Мираковска од НСДП, па претседателот на ОО Струмица, Борче Цветков, по што следуваат Даниела Колева и Лолита Ристова.

„Петката “ ја предводат Јован Митрески и Бисера Костадиновска, третото емсто е за организацискиот секреатра Митко Трајчулевски, па место за Боби Мојсовски од ЛДП, па за Енес Ибрахим од партијата на Турците, по што доаѓа Жаклина Лазаревска пратеничка од Охрид, Билајна Гошаревска, Методија Илиевски. 

Во шестката освен Славјанка Петровска и Агрон Демири, на листата се предвидени и Ема Нешковска, Андријана Томовска, Даниел Антонски.


Слично

Поврзани вести