Здружението на судии бара да се мери судската независност
Собранието на здружението на судии донесе неколку заклучоци за моменталните состојби во судството. собранието на здружението на судии утврди дека е потребно да се отвари процесот на реформски активности во правосудството, за да се зајакне судската независност, преку креирање на соодветни нормативни и останати услови.
Се препорачува вклучување на здружението во работните тела на институциите, но и учество на судиите во имплементацијата на новите законски решенија.
Собранието изразува загриженост за несоодветниот пристап на надлежните органи во врска со финансирањето на судството и платите и другите надоместоци на судии и ги повикува истите да превземат активности во насока на воспоставување на вистински дијалог со зсрм, за изнаоѓање на соодветно решение.
Изразена е и загриженост за степенот на доверба во судството, и затоа се предложува воспоставување на релевантни индикатори за мерење на судската независност.
