Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ НА ПРОТЕСТ: Бараат заштита или ќе престанат со работа

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ НА ПРОТЕСТ: Бараат заштита или ќе престанат со работа

Здравствените работници ќе протестираат oткако во последниот период имаше неколку напади, и тоа во Тетово, Драчево и денеска во Градската болница во Скопје. 

Тие се загрижени за својата безбедност. Под паролата „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите!“, здравствените работници најавија протест кој ќе се одржи в среда на 18 септември, со почеток во 11 часот. Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ, која стои зад протестниот собир велат дека ќе бараат итно донесување на закон за докторска дејност, законско изедначување на напад на медицинар со напад на полицаец и итно и сериозно организирање на служби за обезбедување во секој здравствен објект.

Бараат заштита или ќе престанат со работа. Во Градската болница имало масовна тепачка.

Во Тетово беше истепан лекар, а во Драчево беше нападната медицинска сестра. 

И претходно имаше апел од лекарите, државата да ги заштити додека се на работа. 

Слично

Поврзани вести