Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ ПРИЧИНА ЗА ПРИНУДНОТО СЛЕТУВАЊЕ ВО БРИСЕЛ: еве што се случи на летот Скопје - Париз

ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ ПРИЧИНА ЗА ПРИНУДНОТО СЛЕТУВАЊЕ ВО БРИСЕЛ: еве што се случи на летот Скопје - Париз

Здравствен проблем кај еден од патниците бил причината за вонредната состојба на летот Скопје–Париз, поради која авионот беше пренасочен и безбедно слета во Брисел. 

Според информациите кои се појавија на социјалните мрежи, од сведоштва на патници кои биле во авионот, еден од патниците се пожалил на срцеви тегоби додека авионот се наоѓал во воздушниот простор над Луксембург, на околу половина час пред планираното слетување. 

Пилотите побарале итно слетување на аеродромот Шарлроа во Брисел, кој бил најблизок, со цел на патникот да му се укаже медицинска помош.  

Патниците посочиле дека авионот останал на земја околу 30 минути, по што летот продолжил кон Париз.  

Ваквото пренасочување е стандардна процедура кога екипажот ќе процени дека станува збор за потенцијално животозагрозувачка состојба со која членовите на кабинскиот екипаж, иако обучени за итни ситуации, не можат самостојно да се справат.

За потсетување, авион на авиокомпанијата „Визер“ на редовниот лет од Скопје кон Париз утрово итно слета на аеродромот Шарлоа во Брисел, а по пристигнувањето во Париз повторно се вратил во базата во Скопје. 


Слично

Поврзани вести