Ако доаѓате во земјава со авионите на Визер од овие италијански градови ќе треба да го пополните ова
Државата воведува поригорозни мерки за патниците кои ќе пристигнат со авионите на „Визер“ на двата македонски аеродроми.
Министерот Филипче на пладневната прес конференција кажа дека Македонија ја крева контролата на повисоко ниво поради се поголемиот број заболени од коронавирус во Европа.
Тоа значи дека ако слетате на скопскиот или охридскиот аеродром ќе треба да пополните еден формулар или здравствен локатор.
Согласнот за оваа мерка има од авиокомпанијата, а целта на истата според кажаното е да обезбеди подобра контрола и следливост на патниците , кои ќе остават податоци за тоа на која адреса ќе бидат сместени или ќе престојуваат за да доколку се случи да има патник со симптоми на коронавирус, сопатниците кои биле во негова близна полесно да може да се најдат.
Мерката со пополнување формулар засега се однесува на патниците кои ќе пристигнат од Милано и Венеција .
Во однос на состојбата со вирусот во државата, министерот истакна дека нема нови случаи, ниту нови пациенти кои се тестираат а состојбата на единствената заболена пациентка која е сместена на Инфективна оди кон подобро.
