Економија, финансии, бизнис

Контакт

Здравко Савески реагира дека изјавата му е извадена од контекст: До кое дно ја тераме работата?

Здравко Савески реагира дека изјавата му е извадена од контекст: До кое дно ја тераме работата?

Здравко Савески од Левица реагира на тоа како изјавата е пренесена во медиумите во врска со протестите пред домовите на пратениците. 

Својот став Савески го кажа на Фејсбук. 

„Тоа е тоа ниво на голем дел од нашите медиуми! На прашање дали ги поддржуваме протестите пред домовите на пратениците на СДСМ, даваш изјава дека демократско и уставно право е да се протестира, но дека мора да се внимава да не се нарушува безбедноста и човековите права на останатите граѓани, без разлика колку не се оправдува нивното поведение. И читаш наслови: Левица: Протестите пред домовите на пратениците се оправдани. Добро бе, до колку треба да паѓаме за да сфатиме до кое ДНО ја тераме работата?“ - напиша Савески. 


Инаку, Савески изјави дека поддржуваат социјален бутн против недемократската и ненародна власт која го осиромашува обичниот народ. 

Слично

Поврзани вести