Економија, финансии, бизнис

Контакт

Здравје, мир и спокој во Новата година: Празнично интервју со водителката Јелена Спасиќ

Здравје, мир и спокој во Новата година: Празнично интервју со водителката Јелена Спасиќ

Празничниот период е време кога светлата се палат и во домовите и во срцата, а секојдневието добива поинаков, потопол ритам. Во тие денови, зад камерите и телевизиските студија, и јавните личности се враќаат кон најважното – семејството, традицијата и малите радости што ги носат Новата година, Бадник и Божиќ. 

Токму во такво празнично расположение разговаравме со Јелена Спасиќ, водителката на емисијата „Магазин“ на Сител телевизија, која искрено и топло ни откри како изгледаат празниците во нејзиниот дом, кои ритуали ги негува со сопругот и синот и што за неа значат овие денови исполнети со љубов, спокој и заедништво.

ЖМ: Како би ја опишале изминатата година од професионален аспект?Што сметате за најголем успех што особено ќе го паметите?

- Изминатава година беше успешна на професионално поле, исполнета созапознавање нови личности, раѓање на пријателства, стекнување со новивештини и надминување на себеси во многу ситуации каде што учев иосознавав. Најголема награда е кога трудот е препознаен и од страна напубликата.

ЖМ: Што беше најголемиот предизвик во вашата работа оваа година и како го надминавте?

- Искрено, секое интервју или секој јавен настан е предизвик, но кога битребало да издвојам некои што ги надминав иако имав потешкотии, тоаби биле ситуации каде што ми откажуваа гостувања во последен моментили кога бев настината/болна, а морав да се појавам. Најтешко ми бешеда зборувам за трагедијата во Кочани и да се справам со емоциите коисите нас нѐ обземаа. Во секој од овие случаи, одговорноста ипрофесионалноста беа клучни за да се завршат задачите.

Во прилог линк од целосното интервју на Женски магазин

Слично

Поврзани вести