Економија, финансии, бизнис

Контакт

Здравев ќе расчистува со „несовесните“ судии

Здравев ќе расчистува со „несовесните“ судии

Новоизбраниот претседател на Врховен суд, Киро Здравев, кој доаѓа на местото на Зоран Караџовски, кому му заврши мандатот, денеска рече дека приоритет ќе биде да се постапува по претставките кон судиите за кои има поплаки, но дека тоа ќе се случи на есен.

Пред новинарите Здравев вети дека својот двегодипен мандат ќе го посвети на враќањето на интегритетот на судската професија и довербата на граѓаните во правосудството. Не кажа што ќе преземат по извештајот на СЈО за четворицата судии – Јово Вангеловски, Светлана Костова, Софија Лаличиќ и Алексндра Зафировска кои беа посочени дека работеле по политички дикат, но еден од приоритетите ќе бидат и заостанатите постапки за нестручно постапување на судии.

„Приортет ќе имаат завршувањето на тие постапки, а по однос на одговорноста, никој не е исклучен од одговорноста, ниту судија, ниту претседател на суд, член на Судски совет, а уште помалку и претседател на Судски совет. Гарантираме една законита и крајно совесна работа“, изјави Зравев.

Негов заменик во следните две години ќе биде Селим Адеми. Поддршка за изборот на Здравев и Адеми даде и првиот човек на Врховен Јово Вангеловски. Министерката Дескоска не присуствуваше од етички причини. 

Мандатот на Здравев ќе трае две години на чело на највисокото судско тело кое именува, унапредува и разрешува судии. 


Слично

Поврзани вести