ЗДЕЛКА: „Гранит“ ќе ја доградува Македонската филхармонија
За 4,7 милиони евра македонската градежна компанија „Гранит“ ќе ги завршува градежните работи на новиот објект на Македонската филхармонија. Како што информираше „Гранит“ во извештај до Македонската берза, компанијата постигнала договор со Министерството за култура за осум месеци да го заврши објектот и за тоа ќе добие 295 милиони денари.
Филхармонијата остана недовршена по банкротот на австриската градежна компанија „Алпине Бау“, која го доби првичниот тендер за изведба на објектот.
Дополнително, оваа градежна компанија ќе ја гради детската градинка „Кочо Рацин“ во центар за околу 1,5 милиони евра, а рокот за изведба на овој објект е седум месеци.
„Гранит“ за два месеци ќе треба да ја заврши надградбата на локалниот пат во село Прждево, за што општината Демир Капија издвојува 11,9 милиони денари (193.500 евра).
Слично
