Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Зборувате за непостоечка држава“ - новинарка го искара Бектеши оти рекол „Република Македонија“

„Зборувате за непостоечка држава“ - новинарка го искара Бектеши оти рекол „Република Македонија“

На пресот на министерот за економија Крешник Бектеши денеска се случи скандал. 

Новинарка го искара министерот затоа што не го користи вистинското име на државата – „Република Северна Македонија“.

Додека министерот објаснуваше зошто гласал за концесиите за рудникот Иловица-Штука, новинарката Александра Дуковска се побуни зошто Бектеши ја нарекува државата Република Македонија кога, таа, како што рече, е непостоечка држава.

„Зборувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња“, реагираше Дуковска.

Таа го праша Бектеши дали знае како ни се вика државата, а тој и одговори дека знае. Подолу имате видео од прес - конференцијата и објаснувањето кое го даде министерот. 

Со Преспанскиот договор потпишан во 2018 година, земјава го промени името и го реши тридеценискиот договор со Грција. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести