Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие, вели Шаќири

Зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие, вели Шаќири

Министерот за образование, Јетон Шаќири е разочаран од одлуката на СОНК, од утре училиштата да продолжат со штрајкот, а градинките да работат. 

„Зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие. Одлуката на синдикалното раководство денес е променета и тоа на штета на нашите млади, учениците од основните и средните училишта“, објави министерот. 

Шаќири вели дека доволно е голем јазот во знаењето кој го создаде овој штрајк со целосно блокирање на работата на училиштата и тој повеќе не смее да се продлабочува.

„Исто така, ги повикуваме и родителите/старателите на учениците од утре да продолжат да ги пуштаат/ носат своите деца на училиште. Тие се најмалку виновни што губат настава поради несериозноста на една организација, но можат многу да помогнат во нормализирањето на состојбите“, побара министерот.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска информира дека Синдикатот не го прифатил предлогот на Владата и дека продолжува штрајкот во основните и средните училишта, но дека од утре ќе бидат отворени градинките.  Власта им понуди покачување на платите од 12 отсто. 

Слично

Поврзани вести