ЗБОГУМ БАЛАШЕВИЌ ОД „ТВОЈАТА“ УНИВЕРЗАЛНА: Скопјани во чест на неговата словенска душа
„Јас сум од
минатиот век, тогаш не беше срамота да се чувствува, да се сака, да се однесува
пристојно“...овој и уште многу други цитати кажани од неповторливиот шансонер,
Ѓорѓе Балашевиќ ќе останат запаментени во срцата на луѓето од југословенските
простори. Го испраќаат сите, го испраќа регионот, Хрватска, Босна, Србија...
Збогум кажува и Македонија.
Некои рекоа: Нè научи да не мразиме, да бидеме храбри, да се смееме дури и кога е тешко, да плачеме кога треба, да бидеме горди на нашата рамнина и на нашиот Дунав. Тој беше гласот на разумот во време кога разумот целосно не постоеше.
Вечерва скопјани во чест на неговата словенска душа се собрани пред Универзалната сала, каде што беше добредојден гостин и каде што вети дека ќе ја отвори вратата на новата.
За жал ја изгуби последната негова битка во животот, почина од компликации на Ковид-19 во 67-та година од животот.
