Жбогар: Законот за јазици не е европски приоритет
Евроамбасадорот Самоел Жбогар смета дека Македонија ќе има шанси да ги забрза процесите за интегрирање во ЕУ штом го реши проблемот за името со Грција за што упатува охрабрување што побрзо да се случи и смета дека Европа може да помогне доколку тоа е потребно, но процесот ќе се одвива во рамки на ОН.
За изгласаниот Закон за употреба на јазиците кој предизвика огромни контроверзии во македонското општество и најави дека начинот на кој се спроведе процедурата во Собранието може да влијае врз чистата препорака од ЕК за започнување на преговорите, даде многу дипломатски одговор.
„Процедурата во која беше донесен законот за јазиците е работа на институциите. Јас се сретнав со Претседателот Иванов и спикерот Џафери-двајцата ми го кажаа нивниот став и нивните аргументи. Законот за јазици не е европски приоритет, но е закон кој е дел од Рамковниот договор. Еврокомесарот Хан кажа дека не е дел од реформите, но и го поддржа законот, вели евроамбасадорот“ за ТВ 24.
Жбогар не ги заборави и ДУИ – им порача дека законот во целост мора да оди на Венецијанска комисија, а не само одредени одредби и ЕК го очекува токму тоа, како и имплементација на евентуалните забелешки на законот.
