Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жбогар за најавените реформи: Ставени се на хартија, сега и да се спроведат

Жбогар за најавените реформи: Ставени се на хартија, сега и да се спроведат

Евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на општините Челопек и Брвеница изрази надеж дека новата Влада ќе ги спроведе реформите од акцискиот план 3-6-9 коишто вчера ги најави премиерот Зоран Заев.

– Тоа што е добро е тоа што Владата излезе со реформи, меѓутоа тие реформи сега веќе не се усмени, туку и тие реформи се ставени на хартија. Се разбира, овој оптимизам дека ќе бидат спроведени тие реформи треба да го видиме во првите три месеци како што и најави Владата. Јас можам да кажам дека со формирањето на новата Влада се создаде нова надеж и нов оптимизам како кај луѓето коишто живеат во Македонија, така и кај земјите од Европската унија. Сметам дека Владата ќе успее да испорача некои работи коишто би ја придвижиле земјата кон евроатлантските интеграции, изјави Жбогар.

Инаку, евроамбасадорот Жбогар денеска беше во посета на општина Брвеница каде изврши увид на реконструкцијата на патот Челопек – Милетино, а исто така беше и во селото Гургурница кое припаѓа под општина Брвеница каде заедно со градоначалникот на Брвеница Енвер Пајазити ја посетија реконструкцијата на основното училиште во ова село.

Слично

Поврзани вести