Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жбогар за договорот со Бугарија: Ќе ги промени односите не само меѓу двете земји, туку и во регионот

Жбогар за договорот со Бугарија: Ќе ги промени односите не само меѓу двете земји, туку и во регионот

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека договорот за добрососедство со Бугарија е пример како две држави можат сами да решат проблем кој постоел многу години и да отворат пат за соработка во иднина. 

Вели договорот ќе донесе промени кои луѓето ќе ги видат. 

„Јас морам да го поздравам овој договор, затоа што мислам дека е договор кој ќе ги промени односите не само меѓу двете земји, туку и во регионот. Тоа е пример како две држави можат да го решат проблемот кој постоел многу години, и како можат да го отворат патот на соработка за во иднина“ - изјави  амбасадорот Жбогар во интервју за ТВ 21.

За владиниот план „3-6-9“ Жбогар рече дека тоа е само почетен чекор до новата реалност во државата. Жбогар порача дека луѓето мора да видат промени во судството и дека законот важи подеднакво за сите. Тој наведува дека во ЕУ и земјите членки постои оптимизам за перспективите на земјата во однос на евроинтеграциите.

Слично

Поврзани вести