Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жбогар смета дека е логично пописот да се одложи поради изборите

Жбогар смета дека е логично пописот да се одложи поради изборите

Логично е пописот да се одложи поради одлуката за предвремени парламентарни избори, со цел да нема политичко влијание, смета евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Но, тој се надева дека пописот ќе се одржи најдоцна до 2021 година, кога ваква статистичка операција ќе спроведат и други европски држави.

„Пописот мораше да се одложи поради одлуката на властите да се одржат предвремени избори. Одложувањето е логично во овие околности. Пописот е процес од кој имаат корист сите граѓани и тој треба да биде ослободен од политичко влијание. Разбравме дека техничките подготовки се одвиваат во најдобар ред и се надеваме дека ќе има и политичка волја за да се заврши оваа операција. Очекуваме да видиме како ќе се одвива пописот веднаш штом сите услови ќе бидат исполнети, а најдоцна до 2021 година кога и останатите европски држави ќе го организираат пописот“, рече Жбогар во своето обраќање по повод одбележувањето на Европскиот ден на статистиката.

Според него, пописот ќе донесе нови податоци како најдобро да се креираат јавните полтики за населението, како што се здравството, образованието и управувањето со отпад.

Инаку, првично беше планирано оваа голема и многу значајна статистичка опрецаија да се одржи во април следната година, но заради изборите, тие планови најверојатно нема да се остварат.


Слично

Поврзани вести