Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жбогар: Секоја земја жртвуваше по нешто на патот кон ЕУ

Жбогар: Секоја земја жртвуваше по нешто на патот кон ЕУ

Евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар, во интервју за 24 Вести изјави дека секоја земјите-членки на патото кон Унијата морала да жртвува и да отстаи нешто свое, во контекст на престојниот референдум на 30 септември и прифаќањето на договорот од Преспа.

- На Словенија, на пример, не и се допаѓаше тоа што странски државјани од другите земји требаше да имаат еднакви права при купувањето на недвижнини во земјата, но мораше да го прифати тоа. Имавме член во Уставот кој забрануваше странци да купуваат недвижен имот во Словенија и моравме тоа да го укинеме - вели Словенецот.

Тој наведе дека неговата земја морала два пати да врши интервенции во својот устав за да се интегрира во ЕУ.

- Мислевме дека нашите соседи дака ќе ни ја купат земјата, се плашевме, но тоа не се случи. Моравме два пати да го менуваме уставот, бидејќи првиот пат тоа не беше добро направено. Мислевме, исто, дека и јазикот ќе ни се изгуби во „морето“ на ЕУ, но напротив, повеќе книги од наши автори беа преведени и дојдоа многу повечќе туристи. Така нашиот идентитет се зацврсти. Тоа беа грижите, кои се покажаа како неосновани - наведе Жбогар.

Претставници на Европската Унија веќе остварија средби со граѓани во Велес, како дел од кампањата под мотото „Замисли иднина заедно“ и „ЕУ за тебе“ која ќе се организира и во други градови во земјава.

Интегралното интервју со евроамбасадорот Жбогар, Телевозија 24 ќе го емитува во текот на утрешниот ден (02.09.2018), како дел од информативна програма.


Слично

Поврзани вести