Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖБОГАР СЕ СРЕТНА СО ПЕНДАРОВСКИ, НО И СО СИЛЈАНОВСКА: Дали сме подготвени за старт на преговори со ЕУ?

ЖБОГАР СЕ СРЕТНА СО ПЕНДАРОВСКИ, НО И СО СИЛЈАНОВСКА: Дали сме подготвени за старт на преговори со ЕУ?

Со новиот претседател, Стево Пендаровски денеска се сретна и евроамбасадорот Самоел Жбогар во „Вила Водно“, по што изрази надеж за успешна соработка во деновите и месеците што претстојат за интеграција на Северна Македонија во ЕУ. 

Тој порачал и дека е охрабрен од пораките на Пендаровски за помирување, за подавање рака и за обединување на сите политички сили во земјата.

Пендаровски истакнал дека почетокот на преговорите за членство на земјата во ЕУ е заслужен и неопходен со цел поттикнување на севкупните реформи и унапредување на политичката култура во земјата.

Очекува  дека лидерите на членките на Унијата ќе бидат принципиелни и доследни на дадените ветувања и ќе го вреднуваат сработеното.

Но, Жбогар се сретна и со Гордана Силјановска-Давкова, која на претседателските избори беше кандидатка од ВМРО-ДПМНЕ.

Со Силјановска-Давкова се согласиле дека иднината на земјата е во ЕУ. Сепак, Жбогар смета дека сѐ уште треба многу работа за да се внесе ЕУ во секојдневниот живот на луѓето.

Слично

Поврзани вести