Жбогар: Не сум загрижен со конкретната имплементација на планот 3-6-9
Не сум загрижен за усвојувањето на новата легислатива, проблемот секогаш бил во имплементацијата, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар на прашањето за реализирање на владиниот план за итни реформски приоритети 3-6-9.
„Од сите страни слушаме заложби и посветеност, од страна на државните институции на Владата и Собранието, дека тие се посветени да ги направат сите промени поврзани со законските решенија. Јас во моментот не сум загрижен со конкретната имплементација на планот 3- 6-9, особено затоа што проблемот никогаш не бил во врска со усвојување на новата легислативата, туку секогаш бил во имплеметација на легислативата“ – изјави Жбогар при денешната посета на Струга.
Тој смета дека Собранието засега добро работи.
Слично
