Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жбогар бара конкретни промени во судството

Жбогар бара конкретни промени во судството

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар по денешната средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, изјави дека време е да видиме конкретни промени во судството,  затоа што владеењето на правото има влијание врз економијата.

„Видовме напори што ги прави Владата, Парламентот и други институции за усвојување на законите и за приспособување на законодвството, меѓутоа сега веќе е време да видиме и конкретна промена во судството, а за тоа се одговорни судиите и обвинителите кои работат на случаите. Странските инвеститори, исто така, се многу важен сегмент од економијата и тие за своето функционирање бараат безбедност која всушност може да им ја понудат судовите и правосудниот систем чии што одлуки ќе бидат засновани на законите“ – рече Жбогар.

Додаде дека странските инвеститори, придонесуваат за развој на Бруто домашниот производ (БДП) и за извозот, и затоа владеењето на правото во земјата е уште поважно.

Слично

Поврзани вести