Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршува четиридневната пауза, од утре масовна имунизација во Македонија

Завршува четиридневната пауза, од утре масовна имунизација во Македонија

Денеска треба да заврши дистрибуцијата на 200 илјади вакцини на „Синофарм“ низ градовите во Макеоднија откако дозите во земјава пристигнаа во саботата и веќе од утре започнува масовна имунизација на населението. 

Се очекува вакцинирање од 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.

Вакцините на „Синофарм“ до сега беа складирани во ладната соба во поликлиниката „Јане Сандански“ од каде ќе бидат дистрибуирани во вакциналните пунктови и центри. Вакцината на „Синофарм“ се дава во две дози.  Во наредниот период ќе стигнат уште 500 илјади вакцини на „Синовак“ и дополнителни 100 илјади кинески од „Синофарм“, како и уште 26 илјади од „Фајзер“.

Вакцините ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови за масовна вакцинација, во Скопје во салата „Борис Трајковски“ и во спортските сали во Куманово, Битола, Штип, Кавадарци, Тетово и Охрид и според распоредот на веќе пријавени граѓани вакцинацијата ќе започна во вторник. 

Приоритет ќе имаат граѓаните коишто се веќе пријавени за вакцинација, а ќе бидат повикани според возраста. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека засега остануваат да функционираат и помалите пунктови за вакцинација, но се разгледува опција кадарот да се сконцентрира само во големите пунктови.

Вакцинацијата против ковид-19 не се одвиваше за време на велигденските и за првомајските празници. Ваквата одлука беше донесена во консултација со граѓаните кои побарале ревакцинирањето да не биде во текот на празниците.

Слично

Поврзани вести