Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршница или заплет: Коѕијас доаѓа во Македонија на 22-ри март

Завршница или заплет: Коѕијас доаѓа во Македонија на 22-ри март

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас доаѓа во Македонија на 22-ри и 23-ти март, соопшти македонското МНР. На 30-ти март во Виена ќе имаат средба министрите Димитров и Коѕијас со медијаторот Нимиц.

Инаку, Коѕијас ќе биде првиот грчки претставник што ќе слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Коѕијас во интервју за ЕРТ вели дека Грција ја испратила нацрт-спогодбата до властите во Скопје за можното решение за името.

Документот што ги содржи петте идеи за решение за името предложени од Нимиц, не е пакет што мора целосно да се прифати, туку дека и Македонија ќе може да предлага свои идеи.

„Изработивме текст со нашите предлози во целост како во однос на отворените проблеми што ги имаме со ПРЈМ, така и за идната агенда на соработка што ќе им донесе корист и на двете страни. Овој текст го имам пратено пред повеќе време во Скопје“, изјави шефот на грчката дипломатија, Коѕијас.



Слично

Поврзани вести