Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршни зборови на Дурловски: Не може да ме осудите за пеење

Завршни зборови на Дурловски: Не може да ме осудите за пеење


Еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски денеска во своите завршни зборови пред одлуката за обвинението од 27 април рече дека не може да биде осуден за пеење во Собрание, додека за ништо друго нема никакви докази дека имал намера да делува со потпалувачки говор.

„Ве замолувам да се запрашате кој е тој потпалувачки говор со кој сум повикувал на рушење на уставниот поредок. Тој ден пеев во Собрание, внатре, а потоа со син ми бев на ракометен натпревар. Ако е вистина тоа што вели ОЈО, тогаш осудете ме. Сведокот Курто Дудуш рече дека мислел оти ме видел, но не беше сигурен. Овде првпат го видов. Врз основа на изјава на обвинет ОЈО ме терети дека сум правел нешто за интерес. Одвратно е тврдењето дека сум бил платен да протестирам. Дали за мене има еден доказ дека сум планирал да се случи 27 април? Нема такво нешто“ - рече Дурловски во Кривичен суд.

Дурловски не ја прифати можноста со Законот за амнестија да побара ослободување пред Нова Година.


Слично

Поврзани вести