Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од состаноците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ произлегоа избори

Од состаноците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ произлегоа избори

Предмалку заврши седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по што Александар Николовски ги соопшти донесените одлуки, според кои може да се заклучи дека предвремени парламентарни избори според политичките околности на 25 ноември се неминовни.

-Целата постапка за референдумот ја прогласуваме за голем фалскификат и резултатот не го признаваме. Би сакале да упатиме порака до власта да престане со шиканирање и бркање од работа на оние кои не гласаа. Согласно на ова, ИК заклучи дека Договорот од Преска е политички мртов. ИК ги прифати предлозите на претседателот Мицкоски и донесе три одлуки: Да се формира анкетна комисија составена од пратеници да ги истражува сите неправилности на денот на референдумот и потоа тоа да се процесира, барање за разрешување на Јавниот обвинител кој замижува пред очигледниот криминал и избор на нов обвинител на предлог на опоцијата, доколку Заев има намера да распише избори, ќе го победиме. Да се формира техничка влада 100 пред избори. ИК денеска одлучи да се формира Републичкиот изборен штаб со претседател Игор Јанушев, изјави Николовски.

Претходно Радмила Шекеринска на телевизиско гостување децидно рече дека за владејачкото мнозинство се неприфатливи нови преговарања во формат на лидерски средби имајќи предвид дека станува збор за куси рокови кои треба да се исполнат и затоа не треба да се губи време.

Извршниот одбор на СДСМ вечерва ги овласти претседателот на партијата, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори.

„Никој не треба да се надева на амнестија. Станува збор за многу важно прашање, за иднината на земјата, за иднината на граѓаните и фокусот на сите парламентарни партии треба да биде на ова прашање. Се друго е поигрување со иднината и обид за враќање на земјата во изолација и небиднина“, се вели во партиското соопштение.

На седницата беше заклучено дека референдумот поминал во мирна, фер и демократска атмосфера.

За спроведување на Договорот од Преспа, односно уставни измени, потребно е двотретинско мнозинство, но до тоа најверојатно нема да дојде, иако изборите може да бидат распишани до 10 ноември за да се фати минималниот рок до 25 ноември што го постави Заев по одржаниот референдум. 


Слично

Поврзани вести