Заврши вториот круг од локалните избори: Граѓаните избраа кој ќе ги води општините во следните четири години
Кутиите се наполнија со онолку ливчиња колку што излегоа граѓани да го дадат својот глас за изборот кој остана во вториот круг - Завршија локалните избори во 2025 година.
Мирни, демократски, велат политичарите, иако имаше кршење на изборниот молк, но и фотографирања на избирачки ливчиња.
Денеска се бираше градоначалник во општините: Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и во Градот Скопје.
Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово втор круг немаше, бидејќи поради немање цензус во првиот круг, таму изборната постапка ќе се повтори во рок од 60 дена по завршувањето на изборите.
