Заврши средбата: Заев и Меркел без изјави за медиумите
Средбата на премиерот Зоран Заев и канцеларката Ангела Меркел претпладнево траеше само 40 минути, а состанокот заврши без изјави за медиумите.
Според тоа, нема официјални информации кои се пораките од Меркел за очекувањата на Владата во Скопје за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни во Брисел.
Засега останува се на претходните пораки на Заев дека недобивањето на датум за почеток на преговорите ќе има негативни последици по владеачката коалиција и по перспективата на земјата.
Се очекува ставовите на Меркел да бидат пренесени в недела во седиштето на СДСМ, а потоа и македонската јавност да ги дознае следните потези на владеачката партија.
