Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Завршија преговорите на заедничка маса помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,со лидерите на коалицијата „Влен“ – Арбен Таравари, Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши во врска со преговорите за новата Влада.

Првичната понуда, според медиумски информации, на Мицкоски е четири, максимум пет министерски места. ВЛЕН наводно барал 5 до 6 министри и претседател на Собранието, бидејќи според нив две од главните функции на државата, претседател и премиер, веќе и припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа неофицијални известувања дека ВЛЕН пројавил интерес за Министерството за здравство кое би му припаднало на крилото на Таравари, вицепремиерското место за политички систем кое би го добило Меџити. „Влен“ би ги добил и Образование и Култура.

Партијата на Мицкоски останува на ставот дека МВР, Финансии и Министерството за транспорт и врски ќе бидат на ВМРО.

Доколку Движењето „Знам“ на Димитриевски влезе во Владата, оваа партија ќе има министер.

„Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање“, се огласи подоцна Мицкоски со коментар на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести