Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАВРШИ ПОТРАГАТА ПО ПОЛИЦАЕЦОТ ОД ДЕЛЧЕВО: Трагичен крај, пронајден е мртов заглавен во неговиот автомобил во водите на Брегалница

ЗАВРШИ ПОТРАГАТА ПО ПОЛИЦАЕЦОТ ОД ДЕЛЧЕВО: Трагичен крај, пронајден е мртов заглавен во неговиот автомобил во водите на Брегалница

Безживотното тело на 51-годишниот полицаец од Делчево е пронајдено вчера, доцна синоќа. Потрагата по него заврши трагично, откако го пронашле мртов, заглавен во завтомобилот во водите на Брегалница.

Телото на сега веќе починатиот било извадено од реката синоќа околу 23:00 часот, а подоцна од водите било извадено и возилото „застава 101“, потврдија од полицијата за МИА.

51 годишниот (Т.С) од Делчево, исчезна во четвртокот, на 10. Јуни. Тој тогаш заминал на риболов кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага.

На местото на настанот излегол и Јавен обвинител, а телото на починатиот потоа е предадено на обдукција.


Слично

Поврзани вести