Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши љубовната романтика од пред две години: Нура од Ирак го остави Боби од Куманово

Заврши љубовната романтика од пред две години: Нура од Ирак го остави Боби од Куманово


Кога пред две години беше објавена приказната за македонскиот царински службеник; Боби Додевски од Куманово со емигрантката Нура Аркавази од Ирак речиси сите чувствуваа дека нивната љубов е како во романите. Сите пишуваа и објавуваа за романсата која беше создадена во Центарот за мигранти во Табановце, но кумановецот веќе една година е без бегалката која во меѓувреме одлучила да се врати дома, објави shtegu.com.

Двојката се разведелила, иако пред една година им се родило машко дете. Ова го потврди цариникот кој е познат и како актер во хумористичната емисија „Нема љутиш“, која се емитува на ТВ Плус.

"Не сме заедно веќе една година. Таа се врати во Ирак, јас сум тука. Тоа можам да го потврдам. Ги знаеме причините зошто е тоа така и работите остануваат како што се ", рече Боби.

Пред да замине, Нура рекла дека се враќа во Ирак затоа што сега ситуацијата е побезбедна и така ќе им помага на мигрантите во нејзината земја.

Таа избега со семејството од Ирак откако Исламската држава го киднапира нејзиниот татко и барале откуп со висока сума на пари. Загрижени за ситуацијата во земјата, таа со уште четири члена од семејството се упати кон Германија, пред да се сретне со Додевски во центарот за мигранти на Табановце.

Откако не успејале да продолжат кон зацртаната цел, петчленото семејство Аркавази било сместено во транзитниот центар Табановце. Таму Боби и Нура почнале почесто да се гледаат и да стануваат свесни дека тоа што се случува меѓу нив е повеќе од пријателство и симпатија. Младата Ирачанка со курдско потекло, поради тоа што знае 5 јазика, а одлично го владее англискиот, била ангажирана да работи во Црвениот крст на Табановце.Во меѓувреме, нејзиното семејство побарало азил во Македонија и заминало во центарот во Скопје. 

Слично

Поврзани вести