Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАВРШИ ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА: Парламентарните избори се одложуваат, се бара решение како

ЗАВРШИ ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА: Парламентарните избори се одложуваат, се бара решение како

Стево Пендаровски, претседателот на Македонија, на денешната лидерска средба доби поддршка од партиите да свика експертска група за да се најдат правните модалитети за одложување на предвремените парламентарни избори на 12 април без свикување на Собранието. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од Пендаровски да прогласи вонредна состојва. Дополнително ќе се одлучува за колку време ќе се одложи денот на гласањето.

- Ресурсите сега треба да ги ставиме во функција на здравјето на граѓаните. Треба да се насочиме кон овој глобален проблем. Подготвуваме сет на економски мерки за економијата. Воведувањето вонредна состојва е неопходно за мерките да бидат поефикасни. Апелирам до сите наши граѓани да ја сфатат сериозно и достојно ситуацијата. Верувам дека можеме да успееме и да се избориме со овој предиззвик како што сме се избориле со други предизвици во минатото, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по лидерската средба.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ преку партискиот лидер Христијан Мицкоски побара прогласување кризна состојба на целата територија. Од таму сметаат дека во моментов не е потребно прогласување вонредна состојба.

- Експертскиот тим ќе донесе правен фундамент за одлука за одложување на изборите. Тој ќе се свика уште денес. Дилемата во моментов е дали да имаме кризна состојба или вонредна состојба. Но вонредната и воената состојба не е регулирана со закон, додека кризната е дефинирана со Законот за кризи. Приоритет останува здравјето на граѓаните и справувањето со корона вирусот. Ние предложивме мерки за справување со здравствената и санитарната криза. Оставаме на Владата да ги применува тие мерки кои ги предлагаме. Критиките ги оставаме за други времиња, изјави Мицкоски по средбата во Вила Водно.

Слично

Поврзани вести