ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО: Кој ја има победата?
Заврши гласањето на десеттите парламентарни избори во земјава. Се одржаа во специфични околности во време на Пандемија со Ковид-19. Гласањето помина мирно без поголеми нарушувања на процесот.
Ова се петти предвремени парламентарни избори од независноста на државава. На овие избори учествуваа 1.578 кандидати од 15 коалиции и партии - Демократска партија на Албанците – ДПА, Политичка партија Демократи, СДСМ и Коалицијата Можеме, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Глас за Македонија, Граѓанско демократска унија – ГДУ, Интегра, Демократската унија за интеграција – ДУИ, Социјалдемократска унија – СДУ, Никогаш Северна, само Македонија – Единствена Македонија, МОРО работничка партија, Народна партија на Ромите, ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за Обнова на Македонија, Твоја партија.
Доколку беа редовни, изборите требаше да се одржат на 11 декември. Сепак првично беа договорени за 12 април предвремено, но се одложија поради епидемијата.
Техничката влада која треба да ги спроведе изборите беше изгласена на 3 јануари, сто дена пред одржувањето на изборите, согласно Пржинскиот договор, и истата ја предводи Оливер Спасовски. Иако беше предвидено Собранието да се распушти 60 дена пред изборите, тоа се случи на 16 февруари.
Првпат на овие избори се гласа три дена, а избирачките места беа отворени два часа подолго од досега, од 7 до 21 часот
Сега следуваат резултатите.
