Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАВРШИ ДРАМАТА: По два дена потрага пронајден исчезнатиот маж од Дорфулифа во полусвесна состојба

ЗАВРШИ ДРАМАТА: По два дена потрага пронајден исчезнатиот маж од Дорфулифа во полусвесна состојба

Градоначалникот на Лозово, Бобан Цветковски, и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објавија дека по два дена потрага пронајден е исчезнатиот 34-годишен Исмаил Муратов од Дорфулија. Човекот бил пронајден од непристапната страна на реката Брегалница во речиси неконтактибилна состојба и бил извлечен со помош на хеликоптер.

- Имавме помош од дронови, педа по педа пребарувавме, се надеваме дека лицето ќе биде во ред. Во болница е, откако е пронајден на тешко пристапен терен каде што не може да се оди пеш, се одело покрај реката, а лицето беше пренесено преку река координирано, рече Цветковски.

Ангелов појасни дека Муратов бил пренесен на носилки преку реката Брегалница а потоа качен во хеликоптер и пренесено до Државната болница во Скопје.

Цветковски претходно објави дека на исчезнатиот му се губи секаков траг од петокот доцна попладне.

„Повеќе од 24 часа е исчезнат наш сограѓанин, на кој во 20:30 часот, сношти му се губи секаков траг.. Имено станува збор за Исмаил Муратов кој последен пат е виден во близина на базентот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.. Денес во организираните потраги темелно беше пребаран теренот кој се наоѓа во близина каде беше пронајдена торба со храна и вода за која се претпоставува дека е негова, но за жал не успеавме да го пронајдеме.. Затоа ќе ги замолам сите полнолетни граѓани кои сакаат да учествуваат во потрага на овој наш сограѓанин, УТРЕ (денес), ВО 07:00 ЧАСОТ ДА БИДАТ ВО ЦЕНТАРОТ НА С. Дорфулија и со себе да си земат вода и чизми бидејки ќе се оди до тешко пристапен терен Се гледаме утре!!!“, објави Цветковски на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести