Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши 16-то продолжение на конститутивната седница, ќе продолжи в понеделник

Заврши 16-то продолжение на конститутивната седница, ќе продолжи в понеделник

Kонститутивната седница  во Собранието  ќе продолжи в понеделник. 

Денешното 16-то продолжение заврши. 

На дневен ред е изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и изборот на претседател на Парламентот. 

На оваа седница како и претходните денови имаше реплики и контрареплики меѓу пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и процедурални забелешки за дневниот ред на седницата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од пратениците на СДСМ да се откажат од Тиранската платформа, а решението го гледаат во одржувањето нови избори.

Пратениците од СДСМ, велат дека најважно е деблокирањето на Собранието, институциите  и изборот на нов спикер. 

Седницата претседавачот Трајко Вељаноски ја прекина во 18 часот и следното продолжение го закажа за в понеделник во 11 часот.

Слично

Поврзани вести