Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршени градежните работи на сообраќајната лента пред автобуското стојалиште на „Рекорд“

Завршени градежните работи на сообраќајната лента пред автобуското стојалиште на „Рекорд“

Изминативе денови екипите на Градот Скопје извршија реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци. Станува збор за реконструкција на крајната сообраќајна лента на потег во должина од 60 метри, пред и по автобуското стојалиште, информираат од Град Скопје.

Со градежните работи беше извршено гребење на стариот вдлабнат и оштетен асфалт и беа нанесени три асфалтни слоја, како и нова хоризонтална сообраќајна сигнализација на потегот кај  автобуското стојалиште.

На реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, работеа екипите на градежната компанија „Бетон АД“, а Градот Скопје за овој зафат потроши околу милион денари.

Во рамките на проектот за реконструкција на оштетениот коловоз пред поголем број автобуски станици, во моментов градежни работи се извршуваат и на двете автобуски станици на булевар „Кузман Јосифовски - Питу", како и на булеварот „Крсте Петков Мисирков", од страната на МАНУ.

Слично

Поврзани вести