Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршен настан од твининг проектот на министерството за финансии

Завршен настан од твининг проектот на министерството за финансии

Во насока на понатамошно усогласување со законодавството на ЕУ во областа на осигурувањето и зголемувањето на операциите на пазарот, Министерството за финансии во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување и Меѓународната ибероамериканска фондација во изминатиот 21 месец работеше на твининг проект за што денеска имаше завршен настан.

Основната цел на проектот беше транспонирање на Директивата за основање и водење на деловни активности за осигурување и реосигурување - Солвентност 2 во нов Закон за осигурување.

- Директивата за Солвентност 2 поставува нови построги барања за адекватноста на капиталот, за процесот на управување со ризиците на друштвата за осигурување, за супервизијата базирана на ризик, како и за начинот за известување, сѐ со цел заштита на осигурениците односно корисниците на осигурување и заштита од нарушувањата на пазарот за осигурување, истакна министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски на завршниот настан.

Министерот го изрази своето задоволство од успешното завршување на проектот, во кој Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување се носители, а Шпанскиот надзорен орган за осигурување и пензиски фондови, партнер од земја членка на ЕУ.

- Користејќи ги искуството и стручноста на Шпанскиот надзорен орган за осигурување и пензиски фондови во областа на регулирањето и супервизијата на осигурувањето, како и големото искуство во имплементација на релевантни проекти во регионот и пошироко, можам да кажам дека завршивме еден успешен проект - рече министерот Тевдовски.


Слично

Поврзани вести