По нов пат до манастирите Водоча и Вељуса во струмичко
Денеска свечено беше пуштен новиот регионален пат кој од Анѓелци, води до манастирите Вељуса и Водоча, како и до селото Баница. Новиот пат, нагласија надлежните, ќе овозможи непречен пристап до средновековните манастири во струмичко.
Патот е долг 7,5 километри, а за изградбата Јавното претпријатие за државни патишта потроши 35, 6 милиони денари. Освен асфалтирање, на патот широк 4 метри има поставено и хоризонтална и вертикална сигнализација.Покрај за мештаните, патот се прави и за туристите кои доаѓаат на овие места.
Годинава пак се потрошени 630 милиони денари за изградба и реконструкција на повеќе патни правци во струмичко. Покрај патот за Вељуса и Водоча , во 2013 година е планирано да бидат завршени 13 магистрални и регионални патишта, со вкупна должина од 138 километри кои чинеле 1,17 милијарди денари.
Во следните две години, надлежните најавуват изградба на 100 локални патишта, во должина од околу 200 километри, а „тешки“ околу 20 милиони евра.
Слично
