ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА: Има технички усогласувања, пописот ќе заврши навреме
Попишани повеќе од 200.000 граѓани за четири дена, во тек се технички усогласувања за да се задржи високиот интензитет на попишување, велат д Државниот завод за статистика. Нема точни детали за тоа зошто пописот денеска е во прекин.
„Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет. Досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја, велат од ДЗС.
Инаку попис нема и денеска и вчера, а неофицијални информации за Фактор велат дека нема да се попишува ниту во следните два дена, прогласени за денови на жалост.