Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зависно од пресудата, може да добие и 10 години затвор: За уапсениот Чавков кој планирал бегство пишува и регионот

Зависно од пресудата, може да добие и 10 години затвор: За уапсениот Чавков кој планирал бегство пишува и регионот

Синоќешното апсење на екс директорот на македонската полиција Митко Чвков е главна тема во медиумите од регионот.

Чавков е однесен во Истражниот затвор „Скопје“ по барање на Обвинителството за организиран криминал.

Како што се наведува, скопскиот Кривичен суд му одреди притвор од 30 дена на Чавков бидејќи, планирал бегство/

-По добиени оперативни сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе избега и ќе се крие за да избегне кривична одговорност Обвинителството побата од судот да му определи притвор, велат од ОЈО.

Пресудата во судскиот процес за насилниот упад во парламентот, во кој 17 лица се обвинети за загрозу вање на уставниот поредок, би требало да биде објавена во петок, а на Чавков му се заканува казна од најмалку 10 години затвор ако биде осуден.

Чавков веќе беше во притвор поради истиот случај популарано наречен 27 април и крвав четврток, но беше пуштен да се брани од слобода со кауција платена со имот.

Слично

Поврзани вести