Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завеани села и снег над половина метар

Завеани села и снег над половина метар

Најмногу снег во земјава наврна во Маврово. 

Во Маврово и околината снежната покривка надминува половина метар. 

Во Гостивар од утрово врне снег и снежната покривка е скоро 20 сантиметри.

Од Центарот за управување со кризи велат дека неколку дена селата Брест, Малино и Танушевци се отсечени поради снежните наноси на патот.

Од Управата за хидрометеролошки работи велат дека пообилни врнежи ќе има во попладневните часови, особено во западните делови на Македонија. Снег врне со променлив интензитет на територијата на целата земја. Новата снежна покривка ќе биде од 10 до 30 сантиметри, а на планините во западните делови и повеќе од 50 сантиметри. Поради ниските температури има опасност од појава на голомразица. 

Слично

Поврзани вести