Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАВАРУВАЛЕ СО АПАРАТ И ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАР: Уапсени се двајца Турци во Скопје

ЗАВАРУВАЛЕ СО АПАРАТ И ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАР: Уапсени се двајца Турци во Скопје

Двајца државјани на Република Турција со привремен престој во Скопје се уапсени откако предизвикале пожар во скопското село Горно Нерези.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи(МВР), во саботата околу 18 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги уапсиле Џ.К.(50) и А.А.(43). Тие се сомничат дека додека работеле со апарат за заварување на плац во Горно Нерези, од искрите се запалила сува трева, по што огнот се проширил и надвор од градежната површина.

Во интервенцијата учествувала Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, која успеала да го локализира пожарот и да спречи негово понатамошно ширење. 

Слично

Поврзани вести