ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА ВНЕСЕ ДРОГА ВО ИДРИЗОВО: Полицијата го уапси
На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога, информираа од од МВР.
„Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја.
Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, објави МВР.
Слично
