Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затвореник со нож се обидел да си го одземе животот

Затвореник со нож се обидел да си го одземе животот

Вчера во кумановскиот затвор  еден затвореник со нож се обидел да си го одземе животот.

Според информациите од МВР, затвореникот  А.И. (22) од Свети Николе, се обидел да се самоубие така што во тоалетот, кој се наоѓал позади кујната на затворот, со нож си нанел убодна рана во пределот на стомакот и рана во задната лева страна од вратот.

Случајот во полиција бил пријавен од страна на Б.П. вработен како надзорник во Казнено поправната установа „Затвор Куманово“ во село Кшиње.

Повредениот затвореник бил префрлен во одделение за Трауматологија во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување.


Слично

Поврзани вести