Затвореник пуштен на викенд направил хаос во Куманово
Затвореникот Џ.С. (33) кој бил пуштен на домашно отсуство од Казнено поправната установа Затвор Скопје предизвикал вистински хаос во домот на неговата поранешна невенчана сопруга во Куманово при што повреден е и еден полициски службеник кој интервенирал по повикот за насилство.
Џ.С. се расправал со поранешната сопруга Н.Р. (47) по што нејзиниот син Р.Р. започнал со раце да го турка Џ.С. и од масата земал кујнски нож продолжувајќи да се расправа со него, информира МВР.
-Џ.С. успеал да му го одземе ножот, а по кратко време, на местото на настанот дошла екипа од полициската станица Куманово. При обид да му го одземе ножот на Џ.С., еден полициски службеник се самоповредил, односно си нанел расекотина на дланката од левата рака. Џ.С. бил приведен и спроведен во Казнено-поправната установа Идризово, информираат од МВР.
Повредата на полицискиот службеник му била санирана од екипа на Итна медицинска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
