Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затвореник пукал во Чаир, застрелал во нога припадник на групата Грчец

Затвореник пукал во Чаир, застрелал во нога припадник на групата Грчец

Затвореник за кој не се знае како излегол на слобода вчера околу 18 часот и 10 минути пукал кон член на групата Грчец во Чаир на улица „Христијан Тодоровски Карпош“, при што му нанесол повреди во ногата, информира ТВ21.

Застреланиот итно е префрлен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Лекарите констатирале прострелна рана на ногата. Од МВР велат дека повредениот бил донесен од страна на неговиот брат.

Според првичните неофицијални информации, се претпоставува дека инцидентот настанал поради должничко-доверителни односи.

„Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата.“, објави МВР.



Слично

Поврзани вести