Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затвореник од „Идризово“ се заканувал со огнено оружје на Бит Пазар

Затвореник од „Идризово“ се заканувал со огнено оружје на Бит Пазар

Вчера во 17.30 часот во Скопје, било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар настанала вербална расправија помеѓу Х.В.(56) и Н.В.(51) двајцата од Скопје.

„При распавијата Н.В. со огнено оружје упатил сериозни закани кон Х.В. и неговото семејство, а во еден момент извршил и оштетување на патничко возило „Голф“ сопственост на Х.В. Бидејќи Н.В. е лице кое издржува затворска казна во Казнено поправна установа „Идзризово“, со наредба од Основен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом. По насоки на ОЈО, лицето е однесено во Казнено поправна установа „Идризово“.“, информира полицијата. 

По целосно документирање на случајот против Н.В. ќе биде поднесена пријава за сторени кривични дела „Загрозување на сигурноста“ и „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.


Слично

Поврзани вести