Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАТВОРЕНИК ИЗБЕГА: На враќање од погреб го искористил невниманието на полицајците

ЗАТВОРЕНИК ИЗБЕГА: На враќање од погреб го искористил невниманието на полицајците

Филмско бегство се случи од затвор. Поради невнимание на враќање од погреб наместо да го вратат во затворот Шутка, затвореник им избегал на полицајците. 

Бегството се случило денеска околу 12 часот каде на враќање од погреб затвореникот Џ.С. кој требал да се врати во затворот Шутка и избегал на полицијата, пренесува ТВ21.

Тој го искористил невниманието на полицајците и при предавањето успеал некако да им избега. Било пукано со предупредувачки куршуми, но тоа не го спречило Џ.С. да се вдаде во бегство и да се упати во непознат правец. Во моментов нема информации дали затвореникот е фатен. И претходно, имало бегства од затвор во Македонија. 

На Редит годинава беше објавена мапа со стапката на бегства од затвор во Европа, при што Македонија е обоена со темно црвена боја, односно има најмногу бегства. 

Податоците се од Советот на Европа и се однесуваат за 2019 година. Наведено е дека имало 691 бегство од затвор во земјава. Тоа е огромна бројка ако се земе предвид дека во многу поголеми земји од Македонија има по неколку случаи.  Сите држави во регионот се во многу подобра положба од Македонија, односно имаат многу малку бегства од затвор. 

Франција има едно бегство во истиот период, како и Турција, Унгарија, Полска. 

Слично

Поврзани вести