Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И ПРИТВОРЕНИЦИТЕ НЕ СЕ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРАНИ, НЕ „РАБОТАТ“ НИ АЛКИТЕ ЗА КУЌЕН ПРИТВОР - што открил ДЗР за Управата за извршување на санкциите

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И ПРИТВОРЕНИЦИТЕ НЕ СЕ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРАНИ, НЕ „РАБОТАТ“ НИ АЛКИТЕ ЗА КУЌЕН ПРИТВОР - што открил ДЗР за Управата за извршување на санкциите

Затворениците и лицата кои имаат мерка притвор не се здравствено осигурани. 

Оцва е еден од клучните наоди кои ги открил Државниот завод за ревизија и ги навел во својот ревизорски извештај за Управата за извршување на санкциите, која е орган во рамките на Министерството за правда. Ревизијата е направена на сметката на основниот буџет за 2020 година. Предмет на ревизија била ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност. 

Цел на ревизијата била дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во истите се во согласност со законската регулатива. 

Клучни утврдени состојби се дека не функционира внатрешната ревизија и не е извршена ниту една внатрешна ревизија во Управата, а затворениците и лицата со мерка притвор не се здравствено осигурени. 

„Изразивме поволно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај, додека за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики изразивме мислење со резерва“, велат во својот извештај Државните ревизори.

Клучни препораки на ДЗР за Управата за извршување на санкциите се екипирање и функционирање на внатрешната ревизија во Управата, како и Управата редовно да пресметува и во координација со надлежните органи да врши исплата на придонеси за задолжително здравствено осигурување и придонеси врз основа на инвалидност и телесно оштетување за лицата кои се на издржување казна затвор и издржување на воспитна мерка во воспитно - поправен дом. 

Како клучни слабости, пак, ревизорите го навеле фактот што електронските алки и системот за следење и спроведување на мерката притвор во РСМ се уште не е активен, за што надлежните институции во соработка со Управата потребно е да преземат мерки и активности за овозможување оперативност и непречено функционирање на опремата за електронски надзор, со цел извршувањето на пробациските работи, односно обезбедување на ефикасен систем на електронски надзор при извршување на мерката куќен притвор на цела територија на земјава.  

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести