Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затвореници од „Шутка“ ќе одат на опера, балет, театар

Затвореници од „Шутка“ ќе одат на опера, балет, театар

Затворениците ќе можат да одат на културни настани. 

Во Казнено поправната установа  „Затвор Скопје“ во Шуто Оризари, денеска директорот на оваа установа Ѓоко Котевски и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски потпишаа меморандум за соработка, со кој се предвидуваат активности за унапредување на културно – уметничките содржини за затворениците како една од најранливите категории граѓани. 

Мерките предвидуваат посета на културно – уметнички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, организирање на работилници и културно – уметнички настани во самата установа од осудениците и со гости уметници. 

„Со овие активности, не само што ќе овозможиме подобра ресоцијализација и подобра атмосфера во оваа установа, туку со подобрувањето на условите придонесуваме и кон исполнувањето на меѓународните стандарди во местата каде што престојуваат лица лишени од слобода. Министерството за култура е расположено да им помогне на казнено – поправните установи во оваа насока, а оваа пилот – програма, доколку се покаже како успешна, да се реплицира и во други  КПУ ширум земјата“ - вели Алаѓозовски. 

Реализацијата ќе почне веќе од идната недела со посета на културно – уметнички настани за најпримерните осуденици, а Министерството за култура веднаш ќе направи акција за збогатување на библиотечниот фонд на установата.

Слично

Поврзани вести